… Би било совршено, со оглед дека поминаа повеќе од 40 години откако во оваа куќа на Елрод и Палм Спрингс се снимени борбени сцени помеѓу две убавици и најпознатиот агент, Џејмс Бонд.
Славната куќа, во која уште пославниот Шон Конери ги одигра борбените сцени со Лола Ларсон и Трина Паркс, неодамна е проценета на 13,9 милиони долари. На Калифорниските карпи, вилата е изградена во 1968 година, според идејата на познатиот архитект Џон Лотнер, за Артур Елрод, по кого на крајот и го добила името…
Куќата има околу 830 метри квадратни и пет соби.
Куќата има огромни стаклени прозорци и прекрасен поглед на околината, а толку е добро сочувана, што може да се спореди со снимените култни сцени од филмот „ Дијамантите се вечни “.
Бидејќи вилата е изградена на карпи, Лотнер инсистираше што подобро да ги искористи, така што дел од нив се употребени за собата за дневен престој, каде е одржана познатата пресметка помеѓу двете убавици и агентот 007.
Со необичната архитектура и базен, вилата е опремена со најмодерен мебел и скапоцени елементи.
Останува за момент да се најдете во неа …