Celebrity

Кој актер „лапнал“ 50 милиончиња како хонорар?

Според „Hollywood Reporter“, актерот Robert Downey Junior заработил хонорар од 50 милиони долари за својата улога во филмот „Одмаздници“.

Филмот со суперхероите на Marvel во текот на првите две недели прикажување во кино салите ширум светот заработил фантастични милијарда долари. Поради тоа, „Iron Man“ ќе заработи некое милионче плус отколку што очекувал првично. Со тоа, Robert е дефинитивно најплатениот актер во овој филм.

Во неговиот договор се гарантира „дел од колачот“ доколку филмот добро се покаже во светските кина, што и реално се случи.

Американската филмска штампа тврди покрај стандардниот договор кој го потпишале пред снимањето, бонус од два до три милиони ќе добијат и Chris Hemsworth, Chris Evans, Jeremy Renner и Mark Ruffalo.

Напиши коментар