Celebrity

Кој ќе ги „лапне“ MTV филмските награди?

Хит комедијата „Деверуши“ и научно-фантастичниот блокбастер „Игра на глад“ водат по бројот на номинации за MTV филмските награди (MTV Movie Awards).

Овие две филмски остварувања имаат по осум номинации меѓу кои и за најдобра екипа, најдобар нов актер и филм на годината. Во трката за најдобар филм влегуваат и „Хари Потер и реликвија на смртта 2“, „Слугинки“ и сагата „Самрак“.

За титулата најдобра актерка се номинирани: Jennifer Lawrence, Kristin Wiig, Emma Stone, Emma Watson и Rooney Mara, а во машка категорија ќе се избира помеѓу: Daniel Radcliffe, Ryan Gosling, Joseph Gordon Levitt, Josh Hutcherson и Channing Tatum.

Овогодинешното, 21-во по ред доделување на наградите ќе се одржи на 3-ти Јуни во Лос Анџелес.

Напиши коментар