Celebrity

Кој ќе настапи на „Billboard Music Awards 2012“?

На овогодинешните „Billboard Music Awards 2012“ кои ќе се одржат во Лас Вегас на 20-ти Мај, ќе настапат: Chris Brown, Justin Bieber, Carrie Underwood, LMFAO, Cee Lo Green, Kelly Clarkson, Usher, The Wanted, Linking Park и Nelly Furtado.

Покрај наброените ѕвезди, на церемонијата ќе настапи и Katy Perry која премиерно ќе ја изведе својата нова песна „Wide Awake“, направена специјално за документарецот „Katy Perry: Part of Me“.

Овој документарен филм ќе биде во 3D верзија и за прв пат ќе биде прикажан на 5-ти Јуни. Фановите на пејачката ќе можат да ги погледнат случките на сцена, но и позади неа, како и борбата, сомнежот и макотрпната работа која ја следела пејачката во нејзината успешна кариера и турнејата „California Dreams“.

Напиши коментар