Познатата дизајнерка на венчаници Ромона Кевеза ја презентираше својата најнова колекција на фустани наменета за сезоната пролет 2012 година.
Колекцијата на венчаници, насловена како „Легенди“ уште еднаш го потврдува беспрекорно елегантниот и софистициран стил на Кевеза, која важи за еден од најдобрите дизајнери кога станува збор за елегантни венчаници.
Оваа колекција се состои од невестински фустани кои се наменети да ја истакнат женската фигура и да ги покажат убавините на женското тело. Неверојатната посветеност кон детали и нежните и деликатни чипки и тантели на секоја невеста и нуда навистина заводлив, но и софистициран изглед за нејзината свадба.