Celebrity

Крвава Blake Lively во новиот филм „Savages“!

Со цел да им го привлече вниманието на своите обожаватели, актерката Blake Lively (24) успеала и тоа како да ги вчудоневиди. Вакво нешто од неа не очекувале ни нејзините најревносни фанови.

Облечена во бел фустан, на една ливада, актерката прави срце со дланките додека двете раце ѝ

се крвави до надлактиците. Оваа фотка Blake им ја претставила на сите свои следбеници на Твитер, но ќе мора да признаеме дека глетката и не баш фасцинирачка.

Се работи за сцена од филмот „Savages“ кој актерката моментално го снима заедно со колегите Taylor Kitsch и Aaron Johnson во главните улоги. Покрај нив, во остварувањето ќе се најдат и Selma Hayek, John Travolta и Uma Thurman.

Филмот е во режија на Oliver Stone, a во кината ќе може да се погледне на 6-ти Јули.

1 Коментар

Напиши коментар