ШоуБиз

Lady Gaga сака да ѝ наредуваат во спалната!

Lady Gaga  открива дека сака да се доминира над неа во спалната соба.

–          Навистина обожавам кога некој ми наредува што да правам во спалната соба. Сите мислат дека сум сексуален манијак, и навистина сум, но мислам дека не уживав толку во сексот сѐ додека не станав малку постара и позрела, – изјавила пејачката кога ја прашале за нејзините омилени пози во сексот.

Пред неколку години таа воопшто не размислувала за сериозна врска бидејќи неколку поранешни дечковци многу ја повредиле.

–          Бев во врска со неколку постари дечковци. Како што созреав, мојата кариера ја ставив на прво место. Сите кои ми стоеа на патот или имаа деструктивно влијание врз мојот живот беа целосно отсечени. Се концентрирав на музиката. За мене љубовта сеуште е најстрашниот дел од животот, – додава Gaga.

Напиши коментар