За среќа, за да имаме убава и негувана коса не ни требаат многу средства и пари. Со помош на природните состојки кои ги имаме во фрижидерот може да си помогнеме многу.
За да го вратите сјајот на косата потребно ви е едно гранче магдонос кое ситно ќе го исецкате и ќе го измешате во малку јогурт. Во смесата капнете неколку капки бадемово масло. Ставете ја смесата на косата и замотајте ја. Измијте се по половина час. Косата ќе биде неверојатно сјајна.
Косата може да ја освежите и со едноставно плакнење на косата со чај од магдонос.
Доколку имате сува кожа истата оваа маска може да ја ставите и на лицето. Ќе бидете изнендени од ефектот уште по првиот третман.
