Мода

Лесен и гламурозен чекор со „color block“ чевлите…

Опсесијата на секоја жена е позната… Можеби другите желби се менуваат како годишните времиња, но останува митот дека како и кај Пепелашка, така и во реалниот живот, еден пар чевли може да смени многу…

Актуелните color block чевли се must have парче за оваа сезона. Зад монохроматскиот изглед, подигнатата платформа и впечатливите бои се кријат повеќе брендови, кои веќе почнаа да ги окупираат зоните на познатите личности. Color block всушност претставува колоритна мешавина од контрастни бои која како краен продукт добива секси и гламурозна комбинација, која овие чевли ги прави неодоливи.

Нивиот едноставен изглед дозволува разни комбинации. Од секојдневни, до свечени… Така, секоја девојка ќе се пронајде во брилијантните color block модели, чија цел е всушност да го одземат целото внимание на Вашиот аутфит. Секоја паметна девојка знае тоа да го искористи. Бидете и Вие урбаната девојка која ќе знае да ги искористи предностите на трендовските color block чевли!!!

 

Напиши коментар