Убавина

Лив Тајлер ги открива тајните за нејзината убавина…

34 годишната актерка, една од најубавите жени во светот, открива дека за нејзиниот неодолив изглед, треба да се заблагодари на нејзината баба, која ја научила на многу трикови за убавина, а кои Лив и денес ги применува.

„ Мојата баба ме научи околу негата на коса, како секогаш убаво да мирисам и како секогаш да посветам време на мојот изглед, дури и кога сакам да изгледам природно“, рече Лив.

Таа открива дека тајната е во деталите. Исто така, таа открива дека ги слуша и советите на професионалците, а што се однесува до нејзината преубава коса, актерката открива дека користи голема количина на регенератор, благодарение на кој нејзината коса секогаш е сјајна и нежна.

Иако можеби е тешко да се поверува, Лив не ги употребува скапите третмани за лице, бидејќи како што кажува, нема време за нив, туку се труди со здрава исхрана да ја одржува здрава и кожата. „Пијам доста свежо цедени сокови, посебно од краставица и мислам дека благодарение на тоа мојата кожа секогаш изгледа свежо и хидрирано “.

Write A Comment