Убавина

Маска за коса од јагоди, мед и авокадо

Маски со кои ќе заблескате. Можете да ги користите во случај да ви е косата многу сува, а можете и да ги практикувате и како рутина за прекрасен сјај. Ќе ви помогнат во обновувањето на сјајот и квалитетот на косата, посебно после зимските температури. Со овие маски ќе ги избегнете агресивните хемикалии или скапите третмани во салоните за убавина. Најдоброто од ова е, што со органска и чиста препаратура добивате безграничен сјај и квалитет.                                                                                                          

Маска за коса од мед, масло и авокадо

  • Авокадо – зрело
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица мед

Со овие 3 состојки ќе добиете веднаш сјај  и ќе ја обновите косата. Едноставно се меша смесата, со пасирање на авокадото, а се нанесува на сува коса. За подобар ефект доколку се работи за масна коса , нанесувајте на темето, од ушите до крај. За најдобар резултат, фиксирајте ја косата и ставете туш-капа. Оставете да делува 30мин. или 1 час зависно од густината на косата, оштетеноста или ако сакате по ваша желба, ефектот е одличен. Потоа исплакнете ја.

Маска од јагода , маслиново масло, јајца

  • 200грама – свежи јагоди
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 жолчка

Оваа маска на база на јагода ќе остави прекрасен сјај и ќе направи вашата коса да мириса неверојатно ароматично, одлична е за дехидрирана и сува коса. Испасирајте ги јагодите и измешајте ги маслиновото масло и жолчката во една смеса. Можете маската да ја нанесете само на коренот или во целина, и оставете ја да делува околу 25 мин. Потоа исплакнете ја.

 

Маска за коса од маслиново масло и мед

  • 4 лажици маслиново масло
  • 2 лажици мед

Најголемата придобивка на оваа маска е достапноста, состојките можете секогаш да ги најдете во вашата кујна а може да направи чуда за вашата коса. Припрема:  Маслиновото масло, најпрво треба да се стави на чинија па да се загрее во микробранова печка на 15-20 секунди. Потоа да се измеша со медот. Оваа состојка најдобро делува на мокра коса. Се остава 15 минути да делува на косата, а можете по неа да ставите и омекнувач. Оваа маска е идеална и се вклопува во редовното туширање – наместо традиционален шампон, нанесете ја прво маската, оставете ја да делува, а продолжете со рутинското средување во бањата. По 15 минути исплакнете ја.

Write A Comment