Зошто секогаш се определувате за млеко за тело, наместо масло за тело ???
Најверојатно не сте доволно упатени…
Верувале или не, некои масла се многу похранливи од млекото за тело. Израдувајте ја Вашата кожа… Нанесете масло ! Ако Вашата кожа е сува и Ви се чини дека и најгустото млеко за тело не може да помогне… Маслото за тело е најдоброто решение за Вас.
Маслото се нанесува многу полесно, за разлика од млекото или лосионот и овозможува долготрајна влажност.
Кои се останатите предности на маслото за тело ?
* Мирисот на маслото за тело трае повеќе за разлика од мирисот на млекото.
* Ако нанесете масло за тело пред спиење, ќе мириса и Вашата постелнина.
* Добар трик е да нанесете капка масло за тело на радијаторот. Целата соба ќе мириса прекрасно !
* Има луѓе на кои силниот мирис им смета. Ако и Вие сте една од нив, одлучете се за некое од многубројните масла за бебе.
* Ќе сјаете ! Од нанесеното масло ќе изгледате многу попривлечно…
* За сува и осетлива кожа, добри се маслото за тело од јојоба или бадем.
* Бадемовото масло може да се користи и за отстранување шминка, но избегнувајте го ако имате мрсна кожа.
* За екцеми и кожни алергии користете Aloe Vera масло.
