Celebrity

Matt Damon во тимот на „Седуммината величествени“

Холивудскиот актер Matt Damon ќе игра во новиот римејк на филмот со наслов „Седуммината величествени“.

Од групата на седум револвераши, Damon ќе го игра Vin, кој во 1960 година во оригиналното филмско остварување го играше Steve McQueen.

Учеството во римејкот веќе го потврди Tom Cruise, а американската филмска штампа пишува дека на проектот можно е да му се приклучат и Kevin Costner и Morgan Freeman.

–          Подобри од Cruise и Damon не може да се најдат, – бил коментарот на човек од тимот на филмот.

Дејството во филмот се одвива околу седум револвераши кои се најмени да заштитат едно мексиканско село од неколку опасни бандити.

Напиши коментар