Нокти со метален сјај, кои можат да издржат и до две недели…
Трендовите на средување, обликување и боење на ноктите се менуваат од сезона во сезона. Голем хит во овој момент е minx маникирот.

Секако, овој тренд го доживеа своето „ деби “ и успех, преку познатите. Сигурно на Кејти Пери, Бијонсе, Ријана и Лејди Гага можевте да забележите ултра сјајни, блескави и беспрекорно средени нокти.

Посебност на овој вид маникир е тоа што самиот процес на такво средување на ноктите, трае колку и обичниот маникир, нема потреба од чекање лакот да се исуши, бидејќи, всушност лак не се ни нанесува на ноктите…

Minx е името на вид фолија со висок сјај, која се нанесува на ноктите. За истата да се залепи што е можно подобро за ноктот, прво се загрева, па се аплицира на ноктите. Вишокот, се отстранува од ноктот лесно и едноставно, а вие две недели ќе имете ултра модерни нокти, со cool изглед…

Овој маникир не е нов, односно се појави уште од 2007 година, но сеуште е популарен и баран. Кај нас за жал, не толку, бидејќи сеуше не е раширен… Причината, е во високите цени. Меѓутоа, за да можат сите да уживаат во овој тренд, различни произведувачи, на пазарот нудат лакови со висок сјај, кои сепак не гарантираат двонеделно совршенство со интересен изглед…




