Убавина

Мирисен пилинг за целото тело

Ова е прекрасен пилинг кој може да го подготвите самите и да си приуштите мирисно задоволство за душата и телото.

Потребни ви се:

–      половина шолјичка бадемово масло

–      1 шолјичка морска сол

–      15 капки од вашето омилено етерично масло

Доколку сакате може наместо моркса сол да ставите кафен шеќер, и тој има убаво дејство врз кожата. Убаво измешајте ги состојките и намачкајте го целото тело. Убаво тријте се со кружни движења. Потоа влезете во када полна со топла вода. Оставете ги состојките од вашата кожа нека се растопат во водата. Потоа истуширајте се. Кожата ќе ви биде неверојатно мека.

Write A Comment