Art & Crafts

Најглупавите модни шифри кои е потребно да се „преведат“…

Понекогаш Ви се чини дека модата е една голема глупост, а постојат и повеќе причини зошто размислувате така. Прво, за модата пишуваат луѓе кои немаат никаков стил. Дојде време Ким Кардашијан да стане модна икона…Второ, модата се претвори во консуметрички изговор да ги гребете картичките. Трето, глупави модни изрази, „измислени“ од глупави модни „ новинари“ кои се наметнуваат на уште поглупави читатели. Составивме листа од 5 изрази кои едноставно мора да бидат третирани како глупави, а служат на личности кои немаат свој личен моден израз…

1. „ New black“ ? – И што всушност означува новата црна ??? Ништо. Портокаловата нема да стане црна боја, а подобро е да се каже „ Дизајнерите повеќе немаат црн материјал или не им се прави облека во црно, така што оваа сезона ќе купувате тегет.

2. „ Must have“ ? – А кој всушност мора? Зошто мора ? Како девојка висока 1.88  да носи потпетици од 15 сантиметри или кратконога девојка да носи мини здолниште ? Ништо не е  must, освен да се умре. Носете го она што го сакате и што Ви одговара.

3. „ Style for less“ – Или на македонски…Стил за помалку пари. Стилот не може да се купи поефтино, бидејќи стилот нема цена! Стилот во Вас е начин на кој дишете, гледате, размислувате, сакате, носите и живеете, не е во Вашиот џеб !

4.„ Fashion no- no“ – Или како што би кажале по наше „ ни во лудило“, „не, никако “. Некој си има свој фазон и  не сака секогаш да го следи ритамот на модата. На некого,комбинациите му стојат ефтино, на некого- оригинално. А и ритамот на модата е толку брз што денешното no no, утре станува must have.

5. „Изгледајте оригинално“ – Како може да изгледате оригинално ако Ве советува списание со тираж за една третина од нацијата ?

Не читајте модни списанија за домаќинки. Ако не можете да си го дозволите списанието „ Vogue“, тогаш истото има и веб сајт. Најдете инспирација на Tumblr или уште поубаво, во Вас самите. Во денот околу Вас. Доброто око секогаш наоѓа инспирација, а интересен човек и во „обични“ комбинации изгледа авангардно.

Бидејќи, слушајќи ги сите глупости, наместо да ја слушате Вашата интуиција е најголемото… Fashion no no !!!

Напиши коментар