ШоуБиз

Naomi Campbell бара личен асистент кој трпи сѐ :)

Супермоделот Naomi Campbell дала оглас во кој бара личен асистент со полно работно време.

Сепак, во огласот стои наведено и потенцирано дека за работното место не треба да се пријавуваат кандидати кои немаат „дебели нерви“.

Неколку претходни вработени кај моделот успеале да ѝ наплатат оштета на суд, бидејќи црномурестата убавица ги малтретирала, а на сите ни е добро познат случајот кога ја погодила својата помошничка со мобилен телефон.

Британскиот модел моментално живее во Њујорк, а лошите јазици веднаш по овој оглас почнале да коментираат дека новиот асистент што ќе се нафати да работи за Campbell мора биде подготвен буквално на сѐ и тоа 24/7.

Напиши коментар