Колку пати после испробување на различни препарати сте посегнале по некои рецепти кои ви ги препорачала баба, мама,тета?Ќе ви покажеме некои рецепти кои сигурно ќе ве воодушеват
Нега на косата на австралиски начин-Ако сакате да се ослободите од првутот, во шампонот кој го користите ставете неколку капки улје од еукалиптус.Доволно е само неколку капки велат австралиските староседелци.
Шпански рецепт за одстранување на темните подочници-Тенко исечени домати.Наскоро почнува сезоната на домати со чија помош ќе се ослободите од темните подочници.
Убавина од Јапонија-Улје од камелија!Со тоа ќе се ослободите од брчките, ќе ги нахраните ноктите и косата па дури и ќе ги ублжите изгорениците.
Бразилска антицелулитна терапија-Седнете на песок и со него триете го телото.Стимулативно за кожата и циркулацијата.Во земјите со такви песочни плажи на кого му треба козметички салон или операции.
Енергетска бомба од Зимбабве-Можеби ова не изгледа дека спаѓа во категоријата beauty третмани но зарем убавината не доаѓа од внатре?Кога жените од Зимбабве чуствуваат дека им треба повеќе енергија пијат топол чај со лимон.Покрај тоа што добиваат сила со тоа го штитат организмот .И кај нас се пие чај од лимон но кога ќе имаме настинка.Можеби е време за промена?
Тајната за убавата коса на жените од Индија-Густа,сјајна, цврста…можеме да набројуваме во недоглед.И вие можете да имате таква коса.Тајната е во кокосовото улје.Еднаш неделно втриете го во скалпот.Пробајте.Масирајте го улјето навечер и наутро измијте ја косата.
Италијански рецепт за страшно нежни усни-ефтино и ефикасно.И во другите медитериански земји жените откриле дека со маслиново масло усните можат да бидат неверојатни.Ставете неколку капки на нежната кожа на устата, тоа ја храни и ја прави сјајна.Маслиновото масло е добро и за кожата.Па ако имате проблем со сува кожа, иритација или изгореници од сонце знаете што да направите.
Скандинавска нега на кожа-Жените од север имаат неверојатна кожа.Тие покрај тоа што пијат изворска минерална вода и со неа се мијат.Велат дека помага за хидратација и ефикасно отстранува потеченост.Водата мора да биде ледено ладна.
Анти-age на кинески начин-бел чај.Жените во Кина сареат достоинствено пијеќи бел чај кој помага за заштита на кожата од слободните радикали.
