Дестинации

Необичниот „ солен “ хотел во Боливија

„ Hotel de sal “ се наоѓа близу Колканија во Боливија, а привлекува многубројни туристи кои доаѓаат од сите делови на светот, да се уверат во неговата убавина. На прв поглед, овој хотел асоцира на куќа на плажа и изгледа како на подовите да се наоѓа песок, а како ѕидовите да се направени од камен.

Меѓутоа, во овој неверојатен хотел, сé е изработено од сол, вклучувајќи го и поголемиот дел од мебелот. Туристите најчесто остануваат неколку дена за да ги разгледаат сите понуди кои ги вклучува оваа боливиска атракција. За 84 фунти, добивате ноќевање во двокреветна соба со кревет од сол и појадок.

Посетителите тврдат дека е прекрасно што се користени природни материјали за изработка. Сите ги знаеме благодетите од солта. Опкружени во здравје и естетика својствена само за бајките, доколку се одлучите за ова место, ќе го имате можеби едно од најубавите искуства во животот.

Напиши коментар