Celebrity

Ново видео на Mary J Blige за „Why?“!

R&B дивата Mary J Blige премиерно го прикажа музичкото видео за синглот „Why?“ на кој соработува со Rick Ross.

Спотот е во режија на Colin Tilley и на него може да се види пејачката како се подготвува за вечерно излегување со пријателките во една ексклузивна дискотека. Не е многу јасно што сака да ни каже Blige со видеово и дали тоа воопшто има некаков концепт, но она што нас нѐ интересира, а е одлично, е самата песна и вокалните способности на Mary.

Инаку, оваа песна е дел од последниот албум на пејачката со наслов „My Life II… The Journey Continues (Act 1) “. Погледнете:

Напиши коментар