Здраво тело

Од кафето кое нема да Ви порасне „ опашка “

Истражување спроведено на Универзитетот Харвард, покажуваат дека жените кои редовно  пијат кафе со кофеин имаат за 20% помал ризик од депресија за разлика од оние кои не пијат кафе.

Докажано е дека и мажите кои пијат шест или повеќе шолји чај имаат за 60% помал ризик од заболување од најопасниот облик на рак на простата. Истовремено тие го намалуваат ризикот за 20% од формирање на било каков облик на рак на простатата, за разлика од мажите кои не пијат кафе.

Истражувањата докажуваат и дека луѓето кои пијат повеќе од четири шолји кафе на ден, имаат за 39% помал ризик од развој на рак на усната шуплина, за разлика од оние кои не пијат кафе. Редовно пиење кафе се поврзува и со помал ризик за развој на рак на цревата, црниот дроб и цироза.

Експерименти изведени на глувци, укажуваат на тоа дека кофеионот значително ја намалува абнормалноста на протеините, поврзани со Алцхајмеровата болест. Всушност, кофеинот го успорува пропаѓањето, односно го поттикнува обновувањето на мозочните клетки.

Напиши коментар