Срамежливата поза на актерката Гвинет Палтроу при средбата со фотографи во Њујорк не успеа да ја скрие одличната секојдневна комбинација. За вечерното дружење, оскаровката избра комбинација од бела кошула и палто што се покажа како одлична подлога за тиркизните високи потпетици со метални врв. Едноставната и секојдневна комбинација Гвинет ја засили со интересен сет на златни ланчиња.


