Дестинации

Парк „ реплика “ на Ноевата арка…

Во историскиот времеплов, сме се среќавале со интересни градби од сите ери, па сé до футуристички изданија кои фасцинираат. Приказните нé воделе буквално во најпознатите замоци, пештери и бродови…

Ноевата арка е маестралното чудо, кое во нас секогаш буди емоции… И поради фактот што е опишана во Светото Писмо, но и поради прецизната изработка…

Концептот на Ноевата арка е оживеан од страна на браќата Волтер и Рејмонд Томас. Тематскиот парк кој претставува реплика на Ноевата Арка се наоѓа во Хонг Конг има природна големина и автентичен изглед на библискиот брод, со додаток, ресторан со фино јадење, луксузни спални и прозорци со двојни стакла. Бродот долг 137, а широк 22 метри доаѓа во комплет со 67 парови животни. Овој комплекс може да се пофали и со хотел со луксузни соби, егзотични атракции и луксузни ресторани. Целта на браќата кои ја остварија идејата за автентичниот парк, не е пофалувањето со нивната „ милијардерска сметка“ туку упатувањето порака за мир и единство во христијанската заедница.

Напиши коментар