Модните трендови налагаат ултра шарени нокти кои се исцртани со неверојатна перфектност. До сега ви имаме претставено многу начини како да ги налакирате ноктите, но овој пат ќе ви го покажеме најлесниот начин. За да имате прецизни линии, совршени цветови и други шари не ви треба прецизна рака. За да го направите тоа потребни ви се неколку лепливи ленти и лакови за нокти во најразлични бои. Еве како да го направите тоа:


