Шорцеви, кратки маички, бикини… ова треба да го носиме ова топло лето. А дали вашето тело е спремно за оваа облека? Доколку не се чувствувате така, тогаш ова се неколку начини кои ќе ви помогнат како по итна постапка да го спремите своето тело за бикини.
Препотувањето е императив
Консултирајте со стручњак и започнете забрзан програм за тренинг. Кондицијата ќе ја стекнете со вежбање, барем три пати неделно. Вклучете и поинаква активност како што е пешачењето, а задолжителна е и детоксификација. Наша препорака е да вежбате наутро за да го забрзате метаболизмот.
Задникот и стомакот се приоритети
Глутеус е најголемиот мускул во човековото тело. Кога правите вежби за задникот согорувате најмногу калории. За да изгледате убаво на плажа вежбајте повеќе вежби за задникот и стомакот. Потребно е да правите серии вежби барем три пати неделно.
Пијте што повеќе вода
Ако не внесувате доволно течности ефектот од вежбањето нема да биде воочлив. Не ја избегнувајте ладната вода. Истражувањата покажаа дека кога пиеме ледено ладна вода организмот троши многу повеќе калории како би ја одржал нормалната телесна температура.
Зголемете го внесувањето на природни диуретици. Тие намирници може да помогнат да се забрза метаболизмот, а со тоа и да ги загубите килограмите. Јадете што повеќе краставици, и ставајте по неколку капки лимонов сок во водата која ја пиете.
Намалете го алкохолот
За да не го доведете телото до дехидрација пијте барем една чаша пред и една чаша вода после пиењето алкохол.
httpv://www.youtube.com/watch?v=NMqeJdfboN4&
