Изгледа како заштита која ја носат рагбистите, но јапонска компанија тврди дека оваа „кацига“, чудесно ги „ пегла “ брчките на лицето, додека спиете…
Кацигата за глава изгледа како старинска заштита за спортисти, а се рекламира под името „Pin up“. Всушност, станува збор за маска за лице и најнов изум на јапонската козметичка компанија…
Доколку сте заинтересирани, можете да ја набавите на неколку познати светски веб портали познати по необичните апарати за масажа и други „ играчки “ за убавина, кои повеќе личат на „уреди за измачување“, но според произведувачите неверојатно ефикасни и практични.
-Одржувајте ја Вашата кожа цврста, млада и свежа додека спиете, користејќи Pin Up Face Supporter, посебната црвена трака, дизајнирана за борба против знаците на стареење. Цената на овој најнов производ изнесува 100 евра.
