Според режисерот Ridley Scott жанрот научна фантастика конечно се врати откако тој самиот се уверил дека филмот „Prometheus“ може да биде иновативен.
– Мислам дека во последниве години се угаси акциониот жанр. Научната фантастика веќе згасна. Главно прашање сега е колку некој може да биде иновативен. Причината зошто не направив ниеден научно-фантастичен филм толку долго е бидејќи не наидов на нешто кое би го привлекло моето внимание и што би го направил со доволно вистина, оригиналност и снага. „Prometheus“ го има сето тоа во себе, – изјавил режисерот
Тој долго барал пред да ја оформи конечната екипа за снимање на филмот.
– Јас, скоро секогаш, уште на самиот почеток на филмот знам кој ми треба. Ми требаат луѓе како Michael Fassbender, Naomi Rapace, Charlize Theron и Idris Elba, од причина што тие се отворени уметници, луѓе кои размислуваат во ôд, – додава Scott.
Филмот почнува да се прикажува во кината од утре!
