Celebrity

Повторно заедно со „Американска пита“!

Погледнете го трејлерот за продолжението на комедијата во која се зборува за сексуално збунети матуранти.

„Американска пита: Повторно заедно“ ни ја носи старата екипа од комедијата снимена пред повеќе од десет години. Всушност се работи за добрата стара банда која повторно се собрала со цел да прослават десет години од матура.

Некој комплетно се променил, некој си останал ист, некој е во брак и има деца. Сепак, мајката на Стифлер и понатаму е предмет на нивните потајни желби…

Во главните улоги ќе ги видиме Џејсон Бигс, Шенон Елизабет, Алисон Ханиган, Шон вилијан Скот, Мена Сувари, Тара Рид и други. Филмот треба да се појави во кината на 5-ти Април.

Ова е трејлерот:

Напиши коментар