Убавина

Природни маски за убави раце

Рацете се едни од најкористените делови на телото, а со тоа се изложени на најголемите надворешни влијанија, така што оштетувањата на кожата се секојдневно присутни.

За да и ја овозможите на вашата кожа потребната нега не морате да употребувате скапи креми и маски или да одите во козметичките салони. Доволно е само да ги употребите следниве состојки од вашата кујна. Тоа се неколку ефтини намирници, од кои ќе си овозможите идеален ефект.

1.  Маска од компир.

Кој вели дека компирот е добар само за јадење? Сварете 2-3 компири, темелно испасирајте ги и додадете млеко да се оформи тесто. Нанесете ја смесата на вашите раце додека е сеуште топла и оставете ја да се олади. После тоа исплакнете ги рацете со млака вода и обилно нанесете ја вашата омилена хидрантна крема.

2.  Гел-маска

Ако секојдневно употребувате детергент, за перење или за садови, тогаш оваа маска би била ваш најдобар пријател. Помешајте 40мл топла проварена вода, 4гр палента и 56 гр глицерин. Нанесете на кожата и оставете ја да стои 10 мин., потоа исплакнете.

3.  Скробна маска

Доколку ви е воспалена кожата, оваа маска е идеална, бидејки има смирувачки ефект. Испасирајте 2 испржени компири, потоа додадете 50мил. млеко и 1 лажица маслиново масло. Ставете ја смесата на рацете и облечете памучни ракавици. Оставете да делува најмалку 10 мин. Па потоа измијте се.

4.  Маска од зоб

Оваа маска е идеална за оние кои имаат многу суви раце. Измешајте 6 лажици зобно брашно, 2 лажици маслинов зејтин, 2 лачици млеко и 2 лажички мед. Нанесете ја оваа смеса на рацете и оставете ја 30 мин. Измијте се топла вода.

5.  Маслиново масло

Една од наједноставните и најефтините домашни маски а содржи само 1 состојка – маслиново масло.

Нанесете маслиново масло на рацете, ставете памучни ракавиции оставете да делува цела ноќ. Кога ќе се разбудите наутро, ставете крема за раце и ќе видите дека вашите раце се меки и хидратизирани.

 

 

Write A Comment