Celebrity

Пристигнува филмот „A Dame to Kill for“!

Филмската продуцентска куќа „Dimensional Films“ која стои позади насловот „Sin City“ го објави датумот кога ќе излезе вториот дел од овој филм со назив „A Dame to Kill for“.

Продолжението на филмската адаптација ќе биде прикажано во САД на 4-ти Октомври, 2013 година. Не се знае дали на истиот ден ќе биде прикажана премиерата и во другите делови на светот.

Снимањето на филмот започнува ова лето во Тексас, а на проектот со здружени сили ќе работат Robert Rodriguez и Frank Miller.

Mickey Rourke, Rosario Dawson и Michael Madsen се само некои од актерите кои ќе ги репризираат своите улоги од првиот дел. Инаку, филмот е заснован на вториот том стрипови на Frank Miller.

Напиши коментар