Убавина

Пробајте ги најдобрите козметички третмани со лимон

Богатството на витамини кои ги содржи лимонот се доволна причина да го користите како средство за убавина. Лимонот е вистински еликсир за кожата, помага при масната коса, кршливи нокти…

Ако имате масна кожа, премачкајте го лицето со лимонов сок и оставете самото да се исуши, потоа измијте се со ладна вода.

Ако имате сува кожа, направете лосион од лимонов сок и ружина вода 50 мл. Користете го лосионот навечер и наутро.

Ако имате масна коса, после миењето прелијте ја косата со лимонов сок кој ќе го растворите во вода. Тоа ќе го спречи пребрзото мастење на косата.

Лимонот е идеален за осветлување на косата. Со лимонов сок намачкајте ги прамените кои сакате да ги осветлите, или пак прелијте ја косата со лимонов сок и седнете на сонце.

Ако имате кршливи нокти, масирајте ги со кришки лимон.

 

 

Write A Comment