Celebrity

Продолженија на „Сексот и градот“, сепак ќе има!

По бројните претпоставки и шпекулации, конечно е потврдено дека ќе се снимаат продолженија на култната серија „Сексот и градот“.

Според холивудската штампа, во новите серии ќе се работи за почетоците на четирите пријателки, а приказната е заснована врз романот „Дневниците на Кери“ на Кендас Бушнел.

Овие продолженија ќе бидат во главно наменети за помладата публика, бидејќи главната хероина е Кери Бредшо претставена како тинејџерка. Сеуште не се знае кој точно ќе ги глуми познатите Кери, Миранда, Саманта и Шарлот.

Погодувањата започнаа и најчесто се вртат имињата на Блејк Лајвли и Мајли Сајрус за улогата на Кери. Мајли изјавила дека на драго срце би ја прифатила оваа улога.

Напиши коментар