Ова се неколку продукти кои сигурно не би ги практикувале во служба на убавината, но и тоа е можно. Само треба да знаете кое за што е. А ние ви го кажуваме тоа.
Со четкичката за веѓи може успешно да ја отстарните шминката од облеката и при тоа да не се размачка.

Со необлечена чорапа, подвезица може да направите успешна фризура на балерина.

Ако имате жолти нокти тука е пастата за заби на помош. Ноктите често пожолтуваат, дали поради често лакирање или пак од цигарите тие добиваат жолтеникава боја која не изгледа воопшто привлечно. Истријте ги со паста за заби и тие ќе побелат.

Јајца. Освен тоа што може да ги употребите во кујната може да ги употребите и во служба на убавината. Маската од жолча и маслиново масло може да направи чудо од вашата коса.

Мед. Нанестее една лажица мед на лицето и оставете нека делува 5 до 10 минути. Потоа измијте се со топла вода. Лицето ќе биде чисто и меко.

Дали знаевте дека со пресата за коса може успешно да ја испеглате кошулата во пределот на копчињата?

Вазелин. Намачкајте ја кожата на која имате плускавци од новите чевли, така ќе заздрават побрзо. И добро би било пред да почнете да се лакирате околу ноктот да се намачкате со вазелин. Така ќе може многу лесно да го отстраните лакот за нокти кој несакајќи ќе го нанесете надвор од линијата на ноктот.

Оцетот е природно белило, одлично се справува со модринките. Ако имате модринка пробајте да ја избледите со оцет. Ако не може да го поднесете белиот, пробајте со природен јаболков оцет.

