Celebrity

Прв трејлер за „Големиот Гетсби“ со DiCaprio!

Конечно пристигна првиот трејлер за долгоочекуваниот филм „The Great Gatsby“, во кој музиката е дело на Jay Z и Kanye West, а насловот на саундтракот носи наслов „No Church I the Wild“.

Филмот е базиран врз истоимениот роман на писателот F. Scott Fitzgerald, а главните улоги во филмот ги играат Leonardo DiCaprio како големиот Гетсби, Tobey Maguire како Nick Carraway и Carey Mulligan како Daisy Buchanan.

Филмот ќе биде прикажан во 3D верзија, а во самиот трејлер се најавува дека во кината ќе може да се погледне оваа зима, поточно на Божиќ.

Погледнете го трејлерот:

http://www.youtube.com/watch?v=G7DonhNflsw

Напиши коментар