Овие вкусни плодови, најсигурно и најефикасно ќе ја затегнат и ќе ја оживеат вашата кожа.
Малините содржат три многу корисни овошни киселини: салицилна, лимонска, јаболкова. Маската од малина е погодна за сува и комбинирана кожа, а посебно е добра за спречување на стареењето на кожата. Добро е да ја користите 2 пати неделно.
Потребни состојки:
– еден грст малини
– 2 лажици свежо полномастно млеко или јогурт
– 2 капки етерично масло од геранија
– ружина водичка
Испасирајте ги малините за да добиете смеса од 2 лажици малинова каша. На кашата додадете млеко и етерично масло и се измешајте. Со помош на парче памук нанесете ја маската на лицето и на вратот. Оставете да делува 20 минути, а потоа измијте се темелно, нежно исушете ја кожата и освежете ја со ружина водичка…
