Едноставен рецепт за маска од малини која за неполн час ќе ја врати еластичноста и сјајот на Вашата кожа. Малините содржат корисни киселини: силицилна, лимонска и јаболкова киселина во едно. Маслиновата маска је погодна за сува и нормална кожа. Особено се истакнува во борбата против стареењето на кожата и појавувањето на бори.
Може да се користи 2 пати неделно.
Потребни состојки:
Шака малини
2 лажички свежо полномасно млеко или јогурт
2 капки етерично масло од геранија
Начин на подготовка:
Згмечете ги малините, додадете го млекото и етеричното масло, се убаво измешајте. Со помош на вата нанесете ја маската по целото лице и вратот, оставете да дејствува 20 минути. За подобар ефект маската отстранете ја со ружина вода, доколку не со млака вода. Постапката завршете ја со хидратната крема.
Вашето лице ќе блесне !!!
