Актерот Robert Downy Junior изјавил дека би било навистина глупаво доколку продуцентите на филмот одлучат во наредниот филм за „Ironman“ некој друг да го игра главниот јунак, а не тој.
Downy Junior вели дека улогата совршено му одговара и дека би сакал таа да остане негова што е можно подолго, но под еден услов: продолженијата на филмот да бидат добри.
– Не верувам дека некој друг може да се стави во моите чевли. Како и во секоја друга работа и тука конечната одлука му го носи квалитетот на производот. Сѐ додека филмовите се добри, јас би сакал да ја играм таа улога, – изјавил актерот.