Celebrity

Robert Pattinson ќе глуми во „Hunger Games 2“?!

Според написите на филмската штампа, првиот избор за улогата на Finick Odair во вториот дел на филмот „Игра на глад“ е актерот Robert Pattinson.

Филмското студио „Lionsgate“ кое стои позади ова остварување се обидува да направи договор со Pattinson за улогата на згодниот победник на една од претходните игри на глад – Finick од областа 4. Од студиото засега не сакаат ни да ја потврдат, ни да ја демантираат оваа информација.

–          Како што беше случај и со првиот дел, ни сега нема да потврдиме, демантираме или коментираме било какви наводи за актерската екипа во наредниот филм. Веста ќе биде официјално објавено кога ќе ја имаме комплетната актерска екипа, – изјавиле од „Lionsgate“.

Вториот дел ќе се вика „Catching Fire“, а почнува да се снима на есен. Во кината би требало да стигне кон крајот на 2013 година.

Напиши коментар