Рузмаринот е зимзелена билка која расте воглавно во приморските области. Цвета од март до крајот на мај, а се користат нејзините долгнавести листови и цветови. Иако рузмаринот е познат зачин, неговите благодети можат да се користат и во бањата, бидејќи неговите лековити својства и моќи, одлични се за кожата.
Зелената грмушка, со игличести ливчиња и модробели цветови имаат многу карактеристична арома, која често се користи како зачин и како мирис. Од рузмарин е направен и еден од првите дестилирани парфеми, на начин што , етерично масло од рузмарин се комбинира со алкохол. Оваа мирисна состојка ја користела каралицата Елизабета Романска, па затоа е наречена Романска вода.
Лосион за чистење и освежување на кожата:
Се проврива пола литар вода во која сте додале 2 стебла рузмарин, и грст листови од цветот на ружа. Оладете ја течноста, а потоа додадете сок од половина лимон и 1 децилитар свежо исцеден сок од краставица. Се заедно процедете и ставете во шишенце, во кое смесата може да стои и цела седмица доколку се чува на соодветно, ладно место. Најдобро во фрижидер. Лосионот се применува, наутро, на чиста кожа или навечер.
За природно осветлување на косата:
Една китка свеж рузмарин, помешајте со еднаква количина листови од коприва, камилица или цветови. Овие состојки држете ги 10 дена, накиснати во 40% алкохол. Потоа процедете ги ставете ги во шише, која ќе ја чувате на ладно и темно место , уште 14 дена. Со добиената течност 3 пати во седмицата хранете ја косата и масирајте го темето, потоа измивајте со благ шампон и исушете на воздух. Овие течности , меѓудругото, помагаат на подобрување на циркулацијата на крвта во темето, што воедно и го поттикнува растот и обновата на косата.
Релксирачка купка:
По напорниот работен ден, се што ви е потребно е релаксирачката топла купка. Во водата вашата бања додадете листови од рузмарин, исто толку темјан и жалфија, ова ќе ве ослободи од напнатоста и стресот.
