Убавина

Сакате затегнато лице без брчки???… Практикувајте јога !!!

Доколку сакате затегнато лице без брчки, под тоа не мора да се подразбира купување и користење на скапи производи или посета на скапи третмани. Експертите се 100 проценти сигурни дека само една одредена положба во јогата може да има еднаков добар дури и подобар ефект од избор на скапи третмани или производи за убавина на лице.

На пример положбата „свеќа“ е еден од најдобрите, најпогодните и најделотворните јога вежби во борбата против брчките. Се што треба да сторите е да легнете на грб, да ги исправите нозете и да пробате што подолго да останете во таа положба ( помагајте си со рацете).

Оваа положба придонесува за поголема циркулација на крв во глава и лицето, го зголемува дотокот на кислород. Од оваа положба не само лицето туку и Вашата коса ќе ви „каже големо БЛАГОДАРАМ“.

Доколку сакате едноставен и бесценет anti-age третман секој ден одвоите барем 5 минути, а резултатите без сомнение ќе бидат видливи. Живејте со фактот дека скапите крами и третмани може да се избегнат со едноставни и природни вежби и препарати.

Write A Comment