Celebrity

Scherzinger во „Луѓе во црно 3“

Погледнете ја првата слика на Nicole Scherzinger од филмот „Луѓе во црно 3“, која беше неодамна прикажана и каде пејачката глуми негативец. Сите се во очекување да видат како Nicole ќе се снајде во филмската улога.

Прикажувајќи ја секси антагонистката Lily, Nicole носи провокативна облека и во рацете има розева торта. Додатно на оваа слика, студиото „Columbia Piсtures“ објави и слики од останатите актери во филмот, меѓу кои се и Will Smith, Tommy Lee Jones, Emma Thompson, Josh Brolin, Jemaine Clement и Alice Eve.

Како конечен датум за премиера на филмот во Америка е даден 25-ти Мај.

Напиши коментар