Вториот дел од анимираниот филм „Штрумфови“ треба да пристигне во кината на лето, следната година, а веќе започнале подготовките за третиот дел.
Сега и официјално е потврдено од филмското студио „Sony“ дека во тек се подготовките за третиот филм кој се фокусира на авантурите на малите, сини луѓе и лошиот вештер, Гаргамел.
Сценаристите Karey Kirkpatrick и Chris Poche веќе запонале да го пишуваат сценариото за третата авантура, но датумот кога филмот ќе може да се погледне е сеуште рано да се објави.
Првиот дел во кината заработи околу 563 милиони долари, но критиките не му беа баш наклонети. Вториот дел очекувајте го во јули, 2013 година.