After Midnight

Што подразбираат мажите под „вистинска љубов“???

Прочитајте што еден блогер има да каже за „вистинската љубов“ гледана од машка (балканска) перспектива. Тука нема ни „р“ од романтика, не се ни обидувајте да најдете.

Па, љубовта е:

Кога паѓа дожд, а таа ќе разбере дека те мрзи да ја испратиш до автобуската станица.

Кога се шетате фатени за рака, те начекува некоја твоја љубовница која не знае дека имаш девојка и ти прави скандал, а она не ти мава шлаканица пред сите затоа што си ја изневерил.

Кога ќе и пренесеш сексуално пренослива болест, таа е сигурна дека „ја закачила“ од некоја нечиста ВЦ шоља.

Кога ги имаш сите нејзини лозинки (од маил, Фејсбук и Твитер профил, Скајп и др.) а таа ги нема твоите.

Кога таа нема свој живот само за да биде со тебе, ама не ти се меша во животот кога не сакаш да биеш со неа.

Кога ќе и удриш шлаканица додека се карате, а таа ти вели „знам дека ја заслужив“.

Кога ги навредуваш и пцуеш нејзините другарки, а таа им вари кафе на твоите.

Кога таа ќе го истетовира твоето име на едната града, а презимето на другата.

Кога јадете сарма, таа ти го дава месото, а ти на неа зелката.

Кога ти дозволува “тројка“ со уште една девојка, ама ти не и дозволуваш „тројка“ со уште еден маж.

Кога на двата телевизори кои ги имате дома се гледаат два различни фудбалски натпревари.

Кога станува наутро за да ти ја исчисти колата од снег.

Кога гласа на избори онака како што ќе и кажеш.

Кога после секс не те замара да се галите и мазите.

Кога ти прави сендвичи, иако е 5 наутро.

Кога и го праќаш овој текст да го прочита, а таа ќе се изнасмее на него и ќе потврди дека тоа е вистинската љубов.

Напиши коментар