Celebrity

Што понатаму со „Прометеј“?

Ридли Скот планира продолжение на научно-фантастичниот филм „Прометеј“. Првиот дел, во кој главните улоги ви играа Номи Рапас, Гај Пирс, Мајкл Фасбендер и Шарлиз Терон, ќе биде премиерно прикажан во јуни, а Скот веќе почнал да го планира и продолжението.

Филмот следи една екипа научници која го открива потеклото на човечката раса која ја населува Земјата и мора да отпатува до најдалечните краеви на вселената за да се избори за опстанок на сопствениот вид.

–          Немам апсолутно никаква идеја за продолжението, но знам дека би сакал уште еден дел за овој филм. Полека работам на продолжението на приказната, – изјавил Скот за филмската штампа.

Скот од неодамна ѝ се врати на старата љубов, односно научната фантастика како жанр.

Напиши коментар