Убавина

Што сè луѓето прават во име на убавината

Во сибирскиот град Краснојарс се верува дека слузта од полжавите е клучна за младешкиот изглед, а се верува дека е богата со еластин и киселини кои ги намалуваат брчките и лузните, како и првите знаци на стареење на кожата.

Во Њујорк каде живеат над осум милиони гулаби, ќе ви понудат птичји измет за 50 долари. Станува збор за третман познат како Гејша третман. Всушност, Викторија Бекам е една од познатите клиенти на овој салон за убавина.

Доколку бевте згрозени од информацијата за рибите кои ги јадат мртвите епители од кожата на стапалата, тогаш навистина ќе ви се слоши кога ќе дознаете дека Кинезите не запираат само на стапалата…

Во Израел за 90 долари можете да добите три вида на змии кои ползат по вашето тело и така со своите мускули ве масираат.

Write A Comment