Убавина

Што зборува вашата коса за вас?

Дознајте што зборува за вас косата. Нејзината должина, боја кажуваат многу за вас.

Долга коса

Жените кои имаат долга коса веруваат дека таа ги прави сексуално привлечни. Долгата коса е одлика на заводничките и на жените кои уживаат во слободата. Тоа се жени кои сакаат да ескивираат од конвенционалните очекувања на околината.

Кратка коса

Кратко шишаната и убаво обликувана коса ја открива уметничката личност. Од друга страна, овие жени се спремни да дадат многу за да изгледаат убаво.

Седа коса

Жените кои ја оставаат косата слободно да им оседи, без при тоа да ја фарбаат уживаат во сопствената кожа. Тие секогаш тргнуваат од себе и воопшто не се замараат што ќе рече околината за нив.

Црвена коса

Жените со црвена коса се заводливи, страствени, тврдоглави, и помалку чувствителни. Многу се отворени и за нив ништо не е невозможно. Тешко се навикнуваат на нови работи, но кога ќе се навикнат тешко може да се одвикнат од нив.

Кафена коса

Тие се одговорни, добри девојки. Статистички гледано кафенокосите девојки даваат најдобри резултати на работа.  Стручњаците направиле одлична екипа, ти сметаат дека: црвенокосите имаат одлични идеи, кафенокосите ќе направат ремек дело, блондинките одлично ќе и го презентираат тоа на јавноста, а црнокосите одлично ги водат финансиите. Жените со кафена коса цврсто стојат на земја, премногу се реални и воздржани.

Блондинки

За нив се смета дека се секс бомби. Тие се многу попаметни од она што мажите го сметаат за нив. Можеби делуваат како лесни девојки, но тоа се девојки кои знаат што сакаат од животот и што е уште поважно знаат како да го постигнат тоа. Имаат одлично помнење, женствени се, и имаат одлична смисла за хумор.

Црна коса

Ниту една жена не може да добие толку многу почит од мажот колку црнокосата. Тие имаат одличен карактер, но имаат проблем со чести прашања. Тие постојано се оптоваруваат со прашањата од каде сме, од каде потекуваме, како да го подобриме сопствениот развој… Тие се сериозни, умерени, понекогаш меланхолични, а помалце и себични и несигурни.

Write A Comment