Група на истражувачи од Сојузно политехничко училиште во Лозана откриле супстанца присутна во млекото која овозможува заштита на телото од дебелеење, наместо црното вино, наспроти многу калоричната исхрана, пренесуваат француските медиуми.
Се работи за супстанца присутна во млекото која може да се спореди со состојка присутна во црното вино, а позната по позитивното дејство по здравјето на луѓето.
Истражувањето објавено во весникот „Cell Metabolism“ покажало дека глувците кои конзумирале поголема количина на никотинамид рибосид (состојка во млекото) согоруваат повеќе калории, штитејќи го своето тело од дебелеење, наспроти исхраната богата со маснотии.
Истражувачите исто приметиле дека тие глувци побрзо трчаат и дека на тој начин на исхрана ја поттикнуваат нивната издржливост и мускулна сила.
Стручњаците меѓутоа предупредуваат дека би требало да се земе во предвид дека никотинамид рибосидот присутен во млекото може да има поинакво влијание на луѓето, па би требало да се извршат уште неколку анализи на оваа состојка.
