Звучи неверојатно но вистинито – добриот и квалитетен сон ќе ви помогне да ослабнете. Добра вест за сите кои се обидуваат да ја намалат тежината во лето. Научниците веруваат дека со доволно спиење и помалку стрес можете да ослабете.
Истражувањето кое го спровеле повеќе научници во Портланд, САД, покажува дека луѓето кои сакаат да ослабат можат да го забрзаат овој процес доколку спијат доволно и гледаат да ги намалат стресот и нервозата на минимум. Ако спиете доволно, ако се движите секојдневно и не се прејадувате, можете да ја одржувате вашата тежина на саканото ниво.
Веќе некое време се знае за поврзаноста на сонот и намалувањето на тежината, но сега сѐ повеќе се докажува дека покрај максимата „јади помалку, движи се повеќе“, почнува да важи и она „спиј повеќе, ќе јадеш помалку“. Исто така, докажано е дека стресот исто толку тера на јадење како и недостатокот на сон.
Спроведената студија докажува дека доколку го намалите стресот и спиете од 6 до 8 часа дневно, многу побрзо ќе ги изгубите оние сакани 5 килограми. Впрочем, што е толку лошо ако си легнете порано и на вашето тело му дарувате малку повеќе сон?
