Celebrity

Steven Tyler ги „мачел“ колегите од бендот?!

Членовите на американската рок група „Аеросмит“  изјавиле дека фронтменот на бендот Steven Tyler многу ги „мачел“, особено за време на снимањето нов албум.

Тапанарот Joe Cramer изјавил дека Tyler буквално ги „мачел“, а гитаристот на бендот вели дека пејачот барал премногу од нив.

Tyler признава дека е свесен оти со колегите бил груб, но нагласил дека благодарение на него и неговата немилосрдност бендот постигнал толкави големи успеси.

–          Знаете што? Сега малку ќе се пофалам. Мислам дека мојот перфекционизам и инсистирање сѐ да се сработи како што треба го доведоа „Аеросмит“ таму каде што денес се наоѓа. Помага кога имате навистина добра песна и кога произведувате хитови. Да, за тоа ме бива, – истакнал Tyler.

Напиши коментар