Припремете ја кожата за сонце, а за тоа најмногу може да ви помогне пилингот. Кожата има својство самата да се регенерира, обновува но понекогаш треба да и помогнеме во тој процес.
На природен начин исчистете ги порите, кои доколку не се навистина исчистени може да предизвикаат појава на акни.
Еве еден едноставен рецепт за природен пилинг: измешајте 3 дл полномасно млеко со 3 лажици сол. Со оваа смеса масирајте го целото тели и лицето. Оставете малку нека навлезат состојките во порите. Потоа влезете под туш и уживајте во топлата вода.
